БАЈДЕН: Односите со Обединетото кралство се „цврсти како карпа“

/ 10.07.2023

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека односите со Обединетото Кралство се „цврсти како карпа“ за време на разговорите во Лондон со британскиот премиер Риши Сунак, јавува Би-Би-Си.

Сунак ги поздрави Обединетото кралство и САД како „двата најсилни сојузници“ во НАТО. Тие, исто така, разговараа за потегот на САД да и дадат на Украина контроверзни касетни бомби за да се одбрани од руска инвазија.

Осврнувајќи се на американското ветување за испорака на касетни бомби во Украина, што предизвика вознемиреност кај сојузниците во НАТО, официјалниот портпарол на Сунак рече дека тоа било „тешка одлука за САД“. Сепак, тој додаде дека тие биле „присилени на таа одлука од руската агресивна војна“.

-Ние остануваме на нашите обврски од Конвенцијата, кои вклучуваат обесхрабрување на нејзината употреба. Нема промени од наша страна по ова прашање, очигледно е дека зависи од секоја земја да донесе одлука, рече портпаролот на Сунак.

САД велат дека добиле гаранции од Украина дека муницијата нема да се користи во Русија или во урбаните области.

Бајден денеска имаше одделни разговори и со кралот Чарлс Трети во замокот Виндзор, нивна прва средба откако кралот беше официјално крунисан во мај.


Од истата категорија