Двајца државјани на Република Македонија во текот на ноќта биле застрелани во Ханиоти на Халкидики, едниот починал, а другиот повреден е пренесен во болница, јави дописничката на МИА од Атина.

Неофицијално, непознати маскирани лица ги застрелале двајцата мажи додека се наоѓале во сместувањето што го изнајмиле.

Едниот од нив, 45-годишниот починал, додека пак другиот на 39-годишна возраст со повреди бил пренесен во болница.

Непознати лица испукале десетици куршуми, во 39-годишен бизнисмен кој бил сопственик на казиното во Македонија и го раниле неговиот 45-годишен пријател, пренесуваат грчките медиуми.

Убиен е Охран Бајрами попознат под прекарот Оки, а повреден е Сеад Слезовиќ, двајцата бизнисмени кои биле активни во Македонија со казина и фабрики за пијалоци, посочуваат грчките медиуми.

Се упатува на нарачано убиство, бидејќи пред неколку месеци непознати лица го егзекутирале нивниот партнер, исто така од соседната земја.