Американскиот претседател Џо Бајден е мета на критики откако на крајно необичен начин сакаше да се збогува со бебе на аеродромот во Хелсинки.
Џо Бајден (80) се збогувал со персоналот на американската амбасада и нивните семејства на меѓународниот аеродром во Хелсинки, кога застанал пред жена која ја држела нејзината ќерка во раце. Американскиот претседател се наведна и разиграно неколку пати го гризна малото девојче за рамото. Меѓутоа, детето збунето го гледаше Бајден, кој во тој момент правеше смешни фаци. Бајден потоа сакал да ја бакне, но девојчето веднаш ја сврте главата.
Снимката со американскиот претседател како молња се шири на социјалните мрежи.
Еден корисник на Твитер го нарече потегот „најморничав момент“ на Бајден со дете на сите времиња. Една корисничка искрено напиша дека е прилично стар и чувствува потреба да се однесува како претседател секогаш кога ќе види бебе, но се воздржува бидејќи е морничаво.
– Кутрото бебе беше преплашено – напиша еден корисник.
This has got to be Biden’s creepiest moment yet with a child. pic.twitter.com/6o7IwD2Wm6
— Caleb Hull (@CalebJHull) July 14, 2023
Конзервативецот Грег Прајс, исто така, се пошегува дека претседателот сега ги меша бебињата со корнети за сладолед.
Дури и Доналд Трамп Јуниор се вклучи во коментарите.
– Бајден треба да биде во дом за стари лица, а не да го води слободниот свет – напиша Трамп.
– Зошто некој вака би ставил уста на туѓо дете? Ова е одвратно однесување – напиша комичарот Тим Јанг кој моментот го нарече морничав.
Бајден претходно изјави дека секогаш се обидува да воспостави „човечка врска“ каде и да оди, но призна дека понекогаш неговите гестови ги прават луѓето непријатно да се чувствуваат.