Хебрејска Библија од 900 година од нашата ера е продадена за 38,1 милиони долари

/ 15.07.2023

Хебрејската Библија, која датира од 900 година од нашата ера, еден од најскапите ракописи на пазарот за антиквитети, беше продадена во Њујорк за 38,1 милиони долари.

Хебрејската Библија, која датира од 900 година од нашата ера, еден од најскапите ракописи на пазарот за антиквитети, беше продадена во Њујорк за 38,1 милиони долари, додека платното на познатиот австриски сликар Густав Климт достигна цена од 53, 2 милиони долари на истата аукција на Сотби.

Аукциската куќа Сотби очекуваше дека „Codex Sassoon“, именуван по неговиот најпознат сопственик, Дејвид Соломон Сасун, кој ја купи Библијата во 1929 година за 350 фунти, може да достигне цена меѓу 30 и 50 милиони долари, пишува Њујорк Тајмс. Речиси целосна и исклучително добро сочувана хебрејска Библија, на која и недостигаат само неколку страници и се состои од 24 книги, беше продадена од Сотби по четириминутно натпреварување меѓу двајца понудувачи, се вели во соопштението на аукциската куќа.

Ја купил поранешниот американски дипломат Алфред Мозес во име на американска непрофитна организација која ќе ја подари Библијата на Музејот на еврејскиот народ АНУ во Тел Авив, се вели во соопштението.

Делото на австрискиот сликар Густав Климт „Insel im Attersee“, создадено во 1901 година, заминало кај непознат колекционер од Јапонија за 53,2 милиони долари, објави Sotheby’s. Делото на австрискиот сликар беше понудено на аукција за прв пат откако со децении било дел од приватна колекција.


Од истата категорија