Илјадници грчки работници денеска стапија во генерален штрајк протестирајќи против новите мерки на штедење на владата кои се преземаат заради третата меѓународна помош за покривање на долгот.
Многу летови беа приземјени, бродовите не можеа да испловат од пристаништата, а беше нарушен и јавниот транспорт при еднодневниот национален штрајк кој го организира најголемиот синдикат ГСЕЕ.
Од почетокот на должничката криза, Грција доби кредити во износ од 260 милијарди евра за да го исплаќа долгот, а за возврат земјата воведе мерки за штедење и испушти многу вработени од јавниот сектор, а ги намали и пензиите.
И новинарите штрајкуваа откажувајќи ги редовните вести.
И покрај жестокиот приситоск од јавноста, премиерот Алексис Ципрас во 2015 година ја продолжи програмата за исплата на долгот до август 2018 година.
Неговата влада прифати да ги зголеми даноците и намалување на пензиите, на што работниците се побунија и рекоа дека владата во Атина ќе се соочи нови протести.