Пет години по влезот на Хрватска во ЕУ, довербата на хрватските граѓани во Унијата е се помал. Стручњаците сметаат дека Хрватите не почувствувале подобри ефекти во својата земја, па масовно се иселуваат.

Последното истражување за расположението на гражаните на ЕУ спрема оваа асоцијација, не резултира со позитивни оценки кога е во прашање најмладата земја членка на ЕУ, пишува Дојче веле.

Како што е објавено деновиве, во повеќето членки просечно расте наклонетоста кон ЕУ, но во Хрватска осетно паѓа. За пример, вкупно дури 60 отсто од граѓаните во сите 28 членки на ЕУ, сметаат дека членството е пожелно. Но, во Хрватска денес така размислуваат само 36 отсто од граѓаните, што претставува пад за цели седум отсто во однос на податоците обработени во истиот период лани.

Освен тоа, индикативен е показателот кој покажува дека 49 отсто од хрватските испитаници има неутрален став кон тоа прашање. Тоа значи дека приближно половина од Хрватите се индиферентни спрема зачленувањето на својата земја во ЕУ, или дека го доживуваат како состојба подеднакво добра и лоша.

Сепак, несомнено поразувачки податок од Еуробарометар е показателот дека 46 отсто од анкетираните гражани на Хрватска веруваат дека состојбата во ЕУ се развива во лош правец.