Светската метеоролошка организација (SMO) го прифатила новиот температурен рекорд за континенталниот дел на Европа од 48,8 степени кој е измерен на Сицилија на 11-ти август 2021-ва година, објавено е денеска на сајтот на организацијата. Се додава дека експертска комисија ја потврдила точноста на читањето на температурата, но дека сè уште не го објавила целиот извештај. „SMO“ предупредува дека е можно овој температурен рекорд да биде соборен наредните денови, додека се интензивира топлотниот бран
Претходниот официјален рекорд за највисока температура во континенталниот дел на Европа бил 48 степени и бил поставен во Атина на 10-ти јули 1977-ма година.
Доколку има нови температурни рекорди во текот на претстојниот топлотен бран, ќе издадеме итна прелиминарна проценка и ќе почнеме со детални процени како дел од процесот за верификација, рекол професорот Рендал Карвини, експерт на „SMO“ и климатски известувач.
Тој додал дека климатските промени поттикнале зголемување во извештаите за наводни метеоролошки рекорди, посебно кога станува збор за горештините.
Мораме да бидеме сигурни дека овие рекорди се точни поради научните разбирања и прецизноста, истакнал Рендал.
Официјално, најтоплата температура измерена некогаш на планетата е 56,7 степени во Фернис Крик, во американската Долина на смртта, на 10-ти јули 1913-та година.
Втората највисока температура е измерена во јули 1931-ва година во Кебили, во Тунис, каде имало 55 степени.Н