Американската амбасадорка во Македонија Анџела Агелер на социјалните мрежи објави дека американското Министерство за финансии го стави бизнисменот Јордан Камчев на црната листа на САД и дека ќе продолжат да таргетираат корумпирани поединци.

„Денеска Министерството за финансии го назначи бизнисменот Јордан „Орце“ Камчев за корупција, поткуп, перење пари и други кривични дела. Овие санкции не влијаат само на компаниите и имотот на г-дин Камчев, туку и на оние кои имаат бизнис со него. САД ќе продолжат да таргетираат корумпирани поединци кои го поткопуваат владеењето на правото и стабилноста на Северна Македонија. Корупцијата има последици“, напиша амбасадорката Ангела П. Агелер