СДСМ ќе предложи Резолуција за Илинден во македонското Собрание во вторник, изјави денеска Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
– Илинден е еден од најсветлите празници во македонската историја. Светилник на нашата борба за посебност и независност. И тоа не може да го смени и одземе декларација на која било партија. Во или вон Македонија. Илинден е дел од секој Македонец и од целиот македонски народ, на 2ри август ќе го прославиме со полно срце и гордост како 120 години до сега. СДСМ ќе предложи Резолуција за Илинден во македонското Собрание во вторник, рече Каевски.
Тој ова го кажа како одговор на новинарско прашање во врска со резолуцијата од партијата на поранешниот бугарски премиер Кирил Ковачев во бугарското Собрание за тоа дека „Илинденското востание е бугарско“.
Инаку, Петков важеше за близок пријател на актуелниот лидер на СДСМ и премиери, Димитар Ковачевски. Тие, како претходно бившите премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, често пати се гледаа се сликаа гушнати и се „колнеа“ дека важна им е иднината, а не историјата.
(Д. Г.)