Весна ЈАНЕВСКА
Жештиниве не стивнуваат, па поради тоа и настаниве во образование се слични на оние од претходните денови. Денеска пак ексклузивна, важна вест.
Владата ќе расправала за датумот на почеток и крај на учебната година и тоа по неколку предлози. Веста ја соопштува лично министерот што значи тоа е важна вест.
Откако средија се’ со учебниците, обуките на наставниците, дигитализацијата, дигиталните учебници, наставните програми и откако министерот ТАЈНО воведе нова програма за унапредување на основното образование на ред дојде почетокот на учебната година.
Минатиот месец по повод оваа тема министерот рече дека ќе го менува датумот со цел да им обезбеди на наставниците простор за ефтини одмори. Жално е што на министерот никој не му кажал дека наставниците се од 20 август на работа, а во случај на почеток на учебната година од 11 септември сигурно ќе бидат на работа од 1 септември, што значи тезата за ефтини годишни одмори на наставниците пропаѓа.
Ако се прашувате што се крие во позадина, министерот денес јавно ви кажа. Кажа дека датумите се менуваат и по барање на Средношколската унија која барала пролетен распуст, наводно за учениците да се подготват за завршните испити, односно матурата. Ова најмногу се однесува на учениците од IV година средно образование, ученици, почитувани, кои полнат 18 години и ќе бидат гласачи на следните парламентарни избори.
Така на крај гледаме дека не се во прашње наставниците, туку во прашање се гласачите. Ќе беше добро МОН да дадеше некое прифатливо образложение, па да дискутираме на темата, но ете, тоа не се случува, се турка се’ на сила и по слободно видување, за сопствена корист (ДУИ+СДСМ).
Еј жална Македонијо што те снајде.