Вицепремиерот Артан Груби, пред камерата на Алфа ТВ го покажа единствениот автомобил кој го има наведено во анкетниот лист.
Груби на свое име сега ја има само Ксарата, стара 22 години, но и таа не ја вози тој, туку неговиот татко.
– На мое име е, но ја вози татко ми – вели Груби во разговор со новинарот.
Тој дури и му понуди и помош на новинарот за купување на половни возила од негови пријатели, пренесува Алфа ТВ.
– Ако вие имате потреба, јас ќе се обидам да ви помогнам преку мои пријатели да си земете возило за ваши приватни потребни, затоа што сте ми мил и драг и да ви излезам во пресрет како што мене ми излагаат во пресрет, додаде Груби.