Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски најпопуларен политичар во Македонија, премиерот Димитар Ковачевски дури на петтата позиција. Меѓу нив на втората позиција е Али Ахмети, трет е македонскиот претседател Стево Пендаровски, чертвти е Никола Груевски, додека веднаш после Ковачевски е неговиот прв заменик Артан Груби, објави ТВ АЛФА.
Кога е партискиот рејтинг во прашање, ВМРО-ДПМНЕ убедливо води пред СДСМ. 19,5 проценти од граѓаните би гласале за најголемата опозициска партија, додека пак поддршката на партијата на Ковачевски е 13,6 отсто.
Кај албанскиот политички блок, најголема поддршка има ДУИ, со 5,9 проценти, но во врат им дише Беса на Билал Касами, која има рејтинг од 4,9 проценти, 3,2 отсто својата поддршка би ја дале за Алијанса за Албанците на Арбен Таравари.
Интересна е ситуацијата кај албанскиот политички блок доколку се остварат најавите на предизборно коалицирање на владејачките и опозициски партии. Тогаш победата би ја однела опозицијата. За Беса, Алтернатива и движењето на Изет Меџити би гласале 26 проценти, додека 23,4 ги поддржува ДУИ, Алијанса и ДПА.
Загрижувачки се и бројките на прашањето дали државата се движи во права насока. Дури 70 проценти сметаат дека не се движиве во вистинска насока, додека дека сме на правиот пат сметаат само 21 процент.
Анкетата е спроведени први и 21 јули, на репрезентативен примерок од 1211 полнолетни граѓани.