Одговорност и на Брисел е да осигура дека пристапниот процес на Македонија кон Европската Унија ќе се фокусира на важните прашања како владеењето на правото, економијата и животната, а не на билатералните прашања. Ова го кажа евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир во интервју за Охридњуз прашан околу гаранциите дека Бугарија нема да излезе со нови барања. За процесот на уставните измени, Гир вели дека е резултат на компромисот од минатиот јули што ќе значи отворена врата за втората меѓувладина конференција, но сето тоа ќе зависи од одлуката на партиите во парламентот.

„Доколку промените на уставот не се направат, тогаш во пракса тоа значи дека процесот ќе застане додека не се случат промените. Другите држави кои преговараат веројатно ќе одат напред во меѓувреме, како Албанија и тоа не е било какво преупредување, туку едноставно изнесување на факт. Дали Европската Унија ќе ја снема тука? – Дефинитивно не, ја сакаме оваа држава во Европската Унија. Веруваме дека сите може да имаме придобивки од вашето членство, ќе продолжиме да се ангажираме и да нудиме поддршка, но потешкотијата е што нема да имате преговарачка рамка за пристапниот процес за да ги забрзате реформите кои се неопходни за граѓаните да дојдете поблиску до ЕУ.“