Добро е што ДУИ по 20 години власт е подготвена да замине во опозиција од каде ќе може да одговараат за криминалот и да ја докажуваат својата невиност, реагира ВМРО-ДПМНЕ  по условените остави на министрите на ДУИ во Владата кои би важеле откако би се изгласале уставните амандмани. .

„Откако ДУИ го направи првиот чекор, си поднесоа оставки, сега само тие да бидат неотповикливи и да одиме на брзи избори, бидејќи се друго е одолговлекување и играње играчки на грбот на државата и иднината на граѓаните“, ве се вели во реакцијата на опозиционата партија.