Условените оставки на ДУИ на маса на Илинденска бр 2 – Европската иднина е пред се, напишаа 5те министри.

Османи, Груби, Бектеши, Бесими и Шакири ги објавија на фејсбук потпишаните оставки доставени денеска до премиерот Ковачевски, бараат да ги активира кога ВМРО ДПМНЕ ќе гласа за уставни измени. Во сите 5 оставки, министрите потенцираат дека се легитимно избрани и дека прават политичка жртва.

– Почитуван претседател на Владата ви ја поднесувам мојата оставка од функцијата прв заменик претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, која ве молам да ја активирате во моментот кога опозицијата ќе гласа за предложените измени во Собранието и истите ќе стапат во сила – изјави Артан Груби прв вицепремиер.