Андреа Данаиловска е 14-годишно девојче од гостиварското село Здуње. Ученичка е во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ и од септември ќе биде деветто одделение.

Но, за разлика од многу нејзини врсници, објави порталот Курир, Андреа распустот не го минува само низ игра туку пред себе си постави една мисија – да ја промовира љубовта кон татковината.

Таа е девојчето од фотографијата која ги разбуди емоциите кај секој Македонец на Илинден. Беше дел од кичевската коњаница, Богородица пречиста.

Курир стапи во контакт со Андреа и нејзините родители, кои се нејзината најголема поддршка.

Веднаш препознавме дека е храбра, горда, решителна, посветена, вљубеник во коњите и природата, почитувач на традицијата и важните денови од историјата, пишува КУРИР.

Фото: Бобан Кошинов