Авионска бомба од Втората светска војна експлодира во Тирол, Италија.
Експлозијата, забележана од австриската опсерваторија за земјотреси со јачина од 1,7 степени според Рихтеровата скала, се случила на ливада, пренесува Телеграф.
Неколку луѓе кои живееле во околината повикале полиција. За среќа нема повредени и нема оштетувања на околните згради, а од експлозијата настанал многу чад. На ливадата се формирал кратер со димензии 10 на 10 метри и длабок околу три метри, јавуваат италијанските медиуми.
Пожарникарите и полицијата интервенирале со екипа кучиња за да го пребараат теренот, но било исклучено да има и други експлозивни материи.
Според прелиминарните информации, можно е бомбата да експлодирала поради движење на земјата ппредизвикано од обилните дождови.