Илинденското востание, во првите години по Втората светска војна и во бугарската историја беше под името Илинденско без Преображенско. Подоцна, по налог на тогашниот бугарски претседател Тодор Живков, бугарските историчари со цел да прикажат дека Илинденското востание има бугарски карактер, во шеесетите години на минатиот век му измислуваат ново име Илинденско – Преображенско востание.

Ова е објавено на Фејсбук на профилот кој објавува прилози од историјата под псевдонимот Јане Сандански. Во продолжение целата објава:

РАЗОТКРИВАЊЕ НА БУГАРСКИТЕ ФАЛСИФИКАТИ ЗА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ

Не постои Илинденско-Преображенско востание, единственото и вистинско име на македонското востание е ИЛИНДЕНСКО ВОСТАНИЕ. Бугарските историчари и политичари се добро познати фалсификатори на македонската историја.

Голем број документи за Македонија и Македонците сеуште се кријат во бугарските архиви, некои се уништени, а врз други имаат направено груби фалсификати, како што се добро познатите фалсификати за Уставот на Македонската Револуционерна Организација (МРО), на која Бугарите во нивните фалсификати и наметнуваат смешно име БМРО или БМОРО.

Но ние Македонците имаме една добро позната изрека – „Ако баба лаже, трап не лаже“, за бабата која била фатена како краде кромид. Од документите и вистината бегање нема.
Во првите години по Втората светска војна, Илинденското востание и во бугарската историја беше познато под името Илинденско. Во тој период е и последниот реален попис во Бугарија (во 1956 година, кога во Пиринска Македонија 70% од населението се изјаснуваат како Македонци). После тоа Бугарите ги фалсификуваат сите наредни пописи.

По налог на тогашниот бугарски претседател, диктаторот Тодор Живков, бугарските историчари со цел да прикажат дека Илинденското востание има некаков си бугарски карактер, во шеесетите години на минатиот век му измислуваат ново име Илинденско – Преображенско востание, за да го поврзат со востанието во Одринска Тракија (која денес е дел од Бугарија), а кое востание почнало 17 дена подоцна, на празникот Преображение.

Но за жал на бугарските фалсификатори, натписите, весниците и книгите кои биле печатени до почетокот на фалсификувањето во Бугарија, ги разбиваат бугарските фалсификати и докажуваат дека востанието се вика ИЛИНДЕНСКО ВОСТАНИЕ.

Во прилог се само мал дел од доказите каде се гледа вистинското име на македонското востание од 1903:

Фото 1 – Плоча во селото Пирин, општина Сандански, Пиринска Македонија, на која се наброени Македонците од тој крај кои загинале во Илинденското востание.

Фото 2 – Плочата во Софија, на куќата каде што починал Атанас Лозанчев.

Фото 3 – Извадок од весник од 1923 година, каде се гледа како десетици илјади Македонци во Софија организирано прославуваат 20 години од Илинденското востание. Во текстот убаво е објаснето дека се работи за Македонци и македонски револуционери, кои оддале почест и по повод 20 години од загинувањето на Гоце Делчев.
Мора да се нагласи дека Бугарија и Бугарите порано воопшто не го славеле Илинденското востание. Тоа почнаа да го прават од скоро, за да ја поткрепат нивната фалшлива пропаганда дека востанието било бугарско.

Фото 4 – Книгата на Дино Ќосев печатена 1953 во Софија, во која добро се чита насловот – Илинденско востание

Фото 5 – Извадок од книгата на Ќосев, каде се чита и дека Илинденското востание е организирано од Македонското национално – револуционерно движење (заглавје од лева страна)

Фото 6 – Спомените на Христо Силјанов, печатени 1933, каде убаво се чита името на востанието.

Фото 7 – Спомените на војводата Смиле Војданов, печатени 1926 година, каде името Илинденското востание, војводата раскажува и дека востанието е резултат на борбата на македонските синови и ќерки.

Фото 8 – Кадар од интервју на бугарската телевизија, каде го гледаме бугарскиот новинар, а гостин беше бугарскиот фашист Ангел Димитров (поранешен амабасадор во Македонија). При интервјуто Бугарите сами прикажаа еден печатен текст, и си дадоа автогол, покажувајќи го вистинското име на востанието – Илинденско.

И има уште многу други плочи, натписи, весници, списанија, книги, во кои се гледа вистината, а кои се печатени пред да почне бугарското фалсификување на името на Илинденското востание. Не постои Илинденско – Преображенско востание.

ИЛИНДЕНСКОТО востание е само МАКЕДОНСКО, и затоа никогаш не треба да го славиме заедно со бугарските фалсификатори и окупатори!