Христијански цркви во Гермнаија ќе се соочат со недостиг од неколку илјади свештеници во следните години, се нагласува во извештај цитиран од ДПА.
-Централниот комитет на германските католици пресметал дека околу 7.000 од 13.500 места за свештеници ќе бидат празни во 2030 година, изјави за Фокус претседателот на Комитетот, Томас Штернберг.
Во извештајот се додава дека Евангелистичката црква во Германија, ќе се соочи со истиот проблем бидејќи бројот на досегашните свештени лица до 2030 година ќе биде околу 14.000 од досегашните 21.000.