Само една куќа во станбен блок во Западен Мауи необјасниво преживеа и остана главно недопрена, додека речиси секоја зграда во областа изгоре до темел по минатонеделните разорни шумски пожари.

Новите фотографии ја прикажуваат двоспратната куќа со бели ѕидови и црвен покрив која е останата речиси иста, среде апокалиптичната сценографија што ја опкружува.

Градината на куќата покрај океанот, исто така, се чини дека задржала привид на зеленило за разлика од пепелта и јагленосаните дрвја од околината.

Корисниците на социјалните мрежи ја нарекоа куќата покрај океанот „Црвената куќа што ги преживеа пожарите на Хаваи“.

Очигледно се работи за зграда од понова градба, но сите се прашуваат од што биле нејзините ѕидови, кога успеале да се спротивстават на пламените јазици кои зафатиле се’ околу неа.


Сцената потсетува на католичката црква Марија Ланакила во центарот на Лахајна, која сè уште стои меѓу урнатините.

Католичката црква која постои од 1846 година, може да се види на видео објавено на „Тик-ток“ како стои со витражот и структурата на кулата додека земјата се окоу неа пеплосува. Членовите на црковната заедница се огласија на Фејсбук за да изразат благодарност што зградата е спасена.

Се чини дека пожарите ги преживеало и 150-годишното банијан дрво во Лахајна. Сè уште не е познато дали дрвото, кое било увезено од Индија во 1873 година, ќе продолжи да вирее бидејќи е прилично јагленосано.

Бројот на загинатите во пожарот во моментов е 111, а повеќе од 1.000 жители се уште се водат за исчезнати. Се стравува дека бројот на жртви ќе биде многу голем.

Официјални лица во Мауи досега идентификувале само пет жртви.