Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска достави иницијатива до Советот на Град Скопје за одредување нова локација на спомен обележјето на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето. Локацијата  ќе се наоѓа на крстосницата помеѓу булеварот „Александар Македонски“ и булеварот „Беласица“ североисточно од кружниот тек, соопшти Град Скопје.

– Оваа точка што поскоро  да биде ставена на дневен ред во Советот на Град Скопје, така што единствен начин да се исправи неправдата, е да се оддолжи  на луѓето кои го дале својот живот за независна и суверена Република Македонија, како и  да се паметат  и чествуваат хероите од кои ниту еден не смее да биде заборавен, се наведува во соопштението.

Како што е познато, бившиот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов го тргна споменикот кој беше поставен пред зградата на судовите во Скопје. Шилегов почна со демонтажа и на една од галиите, но не успеа да го заврши нејзиното отстранување, па таа остана како „грд споменик“ на мандатот на бившиот градоначалник од СДСМ.