Македонија со оваа власт е се подалеку од ЕУ, истакна во интервјуто за Македонско радио, пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Токму СДС, додаде тој во вчерашното интервју, ветуваше бесплатно здравство, подобро образование, модерна инфраструктура, и владеење на право, но граѓаните од сето тоа ништо не добија.
-Една година постојано слушавме лаги, дезинформации од власта за тоа колку пратеници ќе гласале за уставните измени, но се виде дека ВМРО-ДПМНЕ е обединето како партија, и како пратеничка група. Од власта не слушаат никого. Еве кога од власта го прифатија Францускиот предлог околу 90% од експертите рекоа дека е погрешно што се прифати. Значи зборувам за аналитичари, за професори и за експерти. Рекоа дека е погрешно и рекоа дека ќе имаме многу отстапки ако се прифати ова, рече Мисајловски.
Тој додаде дека со оваа власт граѓаните немаат сигурна иднина и се потребни избори час поскоро.
-На државата и е потребен смирен премиер кој што ќе гледа многу понапред и ќе работи за доброто на граѓаните. А, тоа Христијан Мицкоски го може, рече Мисајловски.
Во текот на своето интервју тој се осврна и на хаосот кој што се случува со промената на личните документи при што посочи дека ова е тоа уште еден доказ за неспособноста на власта.
-Прво треба да се отворат поглавјата за да започне било што да се менува. Власта треба да го чита тој договор како што треба, а не да се измислува. Со изјавите секојдневни на власта веќе се повеќе се форсира менување на личните документи, појасни Мисајловски.
Тој посочи дека изборите се спас за Македонија од оваа ситуација. Потребно е час поскоро оваа власт да си замине.