Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот Бојан Маричиќ синоќа вечераа заедно со амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер и заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
Тоа го објави министерот Османи, со куса изјава: „Работна вечера со Габриел Ескобар“ .
Ескобар е во дводневна постеа на Македонија, а таа беше најавена откако почна процесот за уставни измени со кои Бугарите треба да се внесат во Уставот.
По собраниската расправа за предлог амандманите за измени на Уставот, собранискиот спикер талат џафери ја прекина седницата, бидејќи немаше обиезбедно двотретинско мнозинство за нивно усвојување.
Американскиот заменик-помошникот државен секретар вчера се сретна со претседателот Стево Пендаровски, а за денеска е најавена заедничка прес конференција со Ковачевски, како и средба со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.