Уапсен па експресно ослободен, Алил Демири кој Македонија го бара за масакрот кај Смилковското Езеро, информираат медиумите од Косово.
Ова е одлука на косовскиот суд, со што по втор пат се одбива македонското барање за негова екстрадиција назад во земјава. Ова го објавија тамошните медиуми, кои дури и објавија фотографија на Демири со неговиот адвокат Бесник Бериша.
Според процедурите сега потребно е косовскиот суд да ги извести македонските власти за одлуката за екстрадиција, а тоа ќе ги определи и следните чекори на македонската страна.
МИА побара став од Министерството за правда, од каде информираа дека до овој момент немаат добиено официјална информација дека лицето Алил Демири е ослободен.
Македонија во моментов има активно барање за екстрадиција на Демири испратено во 2018 година, но од Косово засега само молк.
Прв пат екстрадиција е побарана на 15 март 2013година, а беше одбиена три години подоцна односно во 2016тата.