Џабир Дерала одбива да ја преземе одговорноста за монтираното видело со потптседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Тој тврди дека редакцискиот број бил злоупотребен за политичка кампања против ВМРО-ДПМНЕ.
„Фронтлајн најостро ја демантира и ја осудува оркестрираната лажна вест дека нашата редакција го спонзорира или дека има каква било поврзаност со видео во кое Александар Николовски е изваден од контекст. Ја осудуваме злоупотребата на телефонскиот редакциски број на Фронтлајн и ја сметаме за крајно тенденциозна и манипулативна. Ова е обид да се урне нашиот углед и кредибилитет, а клеветите ги отфрламе целосно и со индигнација. Очигледно е дека се работи за сатирично видео, како и тоа дека соговорникот на ТВ21, Николоски, е изваден од контекст, што исто така е за осуда. Ние такви сатирични видеа не продуцираме, ниту објавуваме, ниту спонзорираме. Немаме никаква врска со ова видео, ниту со Фејсбук страната за која се зборува во текстот на Лидер, Вечер, Нетпрес, Експрес, Курир и други, како и во Фејсбук објавите на Богдан Илиевски и функционерот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Навредливиот тон на објавите нема да го коментираме, нека им служи на чест на авторите”, напиша Дерала.