ПО ОСУМ ГОДИНИ: Жена од Калифорнија која исчезнала во 2015 година, се појавила сама во полиција

/ 26.08.2023

Жена од Калифорнија, која исчезнала пред речиси осум години, повторно се појавила и побарала од полицијата да ја симнат од списокот на исчезнати лица.

Лиза Ху беше пријавена за исчезната во полицијата во Оукланд во декември 2015 година. Меѓутоа, минатата недела на нејзино барање е отстранета од списокот на исчезнати лица на полициската управа во Оукланд.

Ху и кажала на полицијата дека таа всушност никогаш не исчезнала. Полицискиот оддел во Оукленд не објави никакви информации за тоа каде се наоѓала г-ѓа Ху за време кога била пријавена за исчезната. Само објавија дека е пронајдена и дека е безбедна, пишува Индипендент.

„Благодарение на нашата заедница и партнери, Лиза Ху повеќе не е исчезната личност. Таа е безбедно лоцирана“, се вели во соопштението на интернет. Овој случај е последен во низата исчезнати лица кои мистериозно повторно се појавија. Во јули, исчезнатата тинејџерка од Аризона Алиша Наваро повторно се појави по четиригодишна потрага по неа.

Руди Фариас од Хјустон исчезна во 2015 година, пред да се појави во јуни оваа година, а медиумите пишуваа дека случајот всушност бил обид за измама. Националниот систем за исчезнати и неидентификувани лица проценува дека приближно 600.000 луѓе исчезнуваат во САД секоја година.


Од истата категорија