Од Македонската асоцијација на новинари МАН велат дека од независноста на Република Македонија, до ден денес, групацијата на медиуми кои не се финансираат комерцијално (како последниот пример со Фронтлајн.мк) шират лаги и лажни вести.
Велат дека како резултат на нивното ширење лаги и лажни вести, успеаја да создадат опасни поделби по етничка и политичка основа, за кои, во оптимистичко сценарио, ќе бидат потребни години да се вратат работите во нормален тек. Со децении сеат и омраза и со лажните вести создаваат перцепција дека ништо и никој не чини во Македонија, освен тие самите.
„Клиентелизмот не се разликува од алкохолизам, коцкање и наркоманија. За решавање на вакви општествени девијации потребни се системски решенија, кои за жал, во овој момент не може да се донесат. Напоменуваме дека нашите тимови стојат на располагање за секоја помош која им е потребна“, велат од Македонска асоцијација на новинари (МАН).