Советник на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко на Твитер објави дека Украинците го разнеле штабот на Кадиров.

„Во Енергодар, град и општина во северозападниот дел на Запорожјеската област, беше разнесен штабот на Кадиров. Операцијата беше спроведена од локалното движење на отпорот, кое беше координирано од Одбранбената разузнавачка служба на Украина. Експлозијата ја оштетил импровизираната касарна на единицата ОМОН Ахмат-1 Росгвардија (Национална гарда на Русија), како и автомобили паркирани во дворот.

Избувнал и пожар. Се уште се собираат податоци за бројот на загинати и ранети кадри“, објави Герашченко заедно со наводната снимка од нападот.