ВО КАНЦАЛАРИЈАТА ВО КИЕВ: Убиен полковник на украинската тајна служба, му пукале во глава

/ 28.08.2023

Полковник на украинската разузнавачка служба СБУ е пронајден мртов во неговата канцеларија во Киев, потврди Украинска правда.

Бил пронајден со прострелна рана во главата.

„Околностите за смртта на вработениот во СБУ се истражуваат како дел од кривичната истрага спроведена од истражителите на Националната полиција на Украина“, соопштија од СБУ.

Службата ќе ѝ ја пружи сета потребна помош на полицијата за да се спроведе целосна, објективна и непристрасна истрага“, велат оттаму.

СБУ изрази сочувство до семејството и пријателите на починатиот полковник.


Од истата категорија