Александар Богомаз, гувернер на руската област Брјанск, изјави дека украинските сили го гаѓале селото Климово во Русија со повеќецевни ракетни системи (МЛРС), пишува Си-Ен-Ен.
„Според прелиминарните информации, за жал, има загинати, меѓу кои и едно дете. За време на ракетниот истрел се повредени и пет цивили, меѓу кои и деца“, рече Богомаз, додавајќи дека се уништени станбени згради, а оштетени се училишта и неколку административни згради.