Претседателот на Русија, Владуимир Путин ќе ја посети Кина во октомври и тоа ќе биде негово прво патување во странство откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за негово апсење за наводни воени злосторства, објави денеска Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.
Според нив, Кремљ ја подготвува посетата на Путин на Кина за форумот „Појас и пат“ во октомври, откако рускиот претседател ја прифатил поканата на неговиот кинески колега Си Џинпинг.
МКС во март издаде потерница по Путин и тој може да биде уапсен ако влезе во земја потписничка на Римскиот статут за воени злосторства.
Претседателот на Кина во март беше во посета на Москва.