Советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашченко на Твитер објави фотографија од денешниот руски ракетен напад врз Краматорск, град во источна Украина.
На фотографијата се гледа неексплодирана ракета која што се забила во асфалтен пат.
„Наместо илјада зборови. Руска ракета денеска падна врз Краматорск. Многу блиску до станбена зграда. Терористичката држава продолжува да ги тероризира цивилите“, објави Герашченко.
Instead of a thousand words.
A Russian rocket hit Kramatorsk today. Very close to a residential building.
Terrorist state continues terrorizing civilians.
📷: Radio Svoboda pic.twitter.com/B9CQUIB6a2
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 2, 2023