Романските власти „категорично негираат“ дека руски беспилотни летала паднале на нејзина територија. Со тоа тие го отфрлаат тврдењето на Киев дека во текот на ноќта за време на нападот врз украинскиот пристанишен град Измаил паднале остатоци од дронови.
Министерството за одбрана соопшти дека ја следело „во реално време ситуацијата предизвикана од нападите со руски беспилотни летала“.
„Категорично негираме дека руски беспилотни летала паднале на националната територија на Романија“.