Иако во најавата на организаторите стоеше дека демонстрантите ќе протестираат пред Владата и Министерството за здравство, сепак собирот од владината зграда заврши пред Обвинителството каде дел од демонстрантите фрлале со јајца кон зградата на ОЈО.

Протестот заврши така што на власта и ЈО им беше даден ро од седум дена да за испитаат целиот случај. Во спротивно ќе се одржи нов следната недела, во исто време.

Народот излезе на улиците по објавата дека на пациентите на Клиниката за онкологија им биле давани физиолошки раствори, а скапите лекови против канцерогинете заболувања завршувале на црниот пазар. Случајот е во рацете на Обвинителството.