Србија оди на вонредни парламентарни избори најрано на 17 декември, пишува Вечерње новости повикувајќи се на нивни сознанија, пренесе Бета.
Како што наведуваат, се уште не е извесно дали ќе се спојат со белградските, а за тоа во наредните денови ќе одлучува врвот на најсилната политичка опција во државата – Српската напредна странка (СНС).
Весникот потсетува дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, прексиноќа разговарале со партиски колеги од Војводина и дека било прецизирано дека се ближи гласањето и дека партијата треба да се подготви за кампања.