Измени во Кривичниот законик во замена за гласови за измени на Уставот се шпекулација, нема никаков пазар туку усогласување со европското законодавство. Со измените во Кривичниот законик ќе има многу поголема ефикасност и ефективност во правосудството и судските процеси, ќе се избегне можноста за застарување наделото и ќе се отгвори врата кон конфискација на имот стекнат со нелегални средства, тврди премиерот Димитар Ковачевски
„ Промените кои беа излгасани е усогласување со ЕУ директивата 42 од 2014 година во која се предвидува проширена конфискација во дела кои се казниви согласно Кривичнито законик. Има измени во еден одшт член, член 353 кој многу се експлоатира во јавноста. Ова е во насока на зголемување на ефикасност и ефективноста, зголемување на бројот на казниви дела и фреквенција на казните а не само на должината на казните во правосудниот систем бидејќи што вреди ако 100 луѓе направиле злоупотреба а само еден е казнет. Ние не можеме да градиме правосуден систем врз основа на законски одредби од 19 век и комунистички режим“, изјави премиерот Ковачевски.
Со измените не е предвидена ниту амнестија ниту помилување.
„ Ова не значи никакво помилување или амнестија за никого. Тоа го потврди и претседателот Пендаровски кој е правник.Измените се конкретизација на кривичните дела кои некој ги направил. Има конкретно дело во Кривичниот законик – казнивост за злоупотреба при организирање на јавни набавки. Во минатото сите услови се водеа под општ член злоупотреба на службена положба. Сега се конкретизира што точно лицето направило. Казната е побрза и следува проширена конфискација. Постапките траат со години, притворите траат со години. Граѓаните се прашуваа каде е конфискацијата. Овие измени се токму за тоа. Никаде во законот нема амнестија“, тврди Ковачевски.