На денешен ден 8 септември 1941 година, двајца Македонци убиваат двајца бугарски фашистички војници и го започнуваат вооружениот отпор против фашизмот во Вардарскиот дел на Македонија.

Кон крајот на август 1941, Лазо Филипов – Лавски добива задача да го испита Богомилскиот тунел под планината Бабуна, Велешко, кој требало подоцна да биде миниран.

На 8 септември 1941 г. Лавски тргнува заедно со уште тројца македонски партизани, но кај тунелот наидуваат на бугарска стража.

Бугарскиот стражар ги застанал и им побарал лични документи, но наместо документи Лавски го извадил револверот и го убил стражарот.

Тој е првиот убиен бугарски фашистички војник во Вардарскиот дел на Македонија.

Ноќта на 8 септември истата година, бугарската фашистичка полиција ја блокирала куќата на Водно во Скопје во која се наоѓал Боро Петрушевски откако дознала за неговите илегални активности.

При обид да биде уапсен, младиот Македонец ќе убие еден бугарските полицајци, успева да ја пробие блокадата и да исчезне во ноќта, а потоа се приклучува на Скопскиот партизански одред.

Подоцна и двајцата ќе загинат како партизани во борба против бугарскииот фашистички окупатор и албанските балисти. Лавски на 24 години во март 1942 година, а Петрушевски на 23 години во април 1943 г.

Извор: Страница за историја Вапцаров на Фејсбук