Претседателот на ДУИ Али Ахмети пред неколку дена ја објави својата идеја на следните избори сите албански партии да се натпреваруваат заедно на една листа. „Подготвен сум за една листа. Сите албански партии во една листа. Сите партии со нас, но секој со своја самостојност“ – кажа Ахмети. Ова го објави ТВ 21.

-Подготвен сум за една листа. Односно сите албански партии на една листа, и денес тоа е техника – рече Ахмети.

Но, ТВ 21 објавува дека албанската опозиција не се согласува. Орхан Муртезани, портпаролот на Алтернатива вели дека веќе ја формирале здружената албанска опозиција и на следните избори ќе се натпреваруваат со посебна листа. „Го создадовме албанскиот опозициски фронт и ќе одиме со посебни листи.“ – нагласи Муртезани.