Основачот на Фејсбук и мултимилијардерот Марк Закерберг откри зошто секој ден носи едноставна сива маица на работа.
Закерберг, кој некогаш стана еден од најмладите милијардери во светот, очигледно има плакар полн со сиви маици во кои најчесто се појавува во јавноста.
Еднаш новинарите го прашаа зошто секогаш носи сиви маици кога може да си дозволи што сака, а многумина беа изненадени од неговиот одговор. Имено, Закерберг одговорил дека недостатокот на моден сенс му овозможува да остане повеќе фокусиран на деловниот живот.
„Навистина сакам да си го поедноставам животот за да морам да носам што е можно помалку одлуки за што било друго освен како најдобро да ѝ служам на оваа заедница“, рече тој, додавајќи дека има „повеќе исти маици“ во неговиот плакар. .
„Јас сум во навистина среќна позиција затоа што можам да се будам секој ден и да служам повеќе од милијарда луѓе“, заклучил тој, откривајќи како дури и она што може да изгледа како наједноставна одлука, како што е изборот што да јаде за појадок или што да носи секое утро, може да троши непотребна енергија.
„Се чувствувам како да не ја работам својата работа ако трошам дел од мојата енергија на глупави или несериозни работи“, додаде Закерберг.
Судејќи по неговиот Инстаграм, Закерберг во меѓувреме ги проширил своите модни изданија, па во последно време често може да се забележи во темно сини маици, но и во нешто посмели изданија.
View this post on Instagram