Поранешниот претседателот на регионалната Влада на шпанската покраина Каталонија, Артур Мас осуден е да плати казна од 4,9 милиони евра, колку што се потрошени за референдумот за каталонска независност, што тој го организираше во 2014 година.
Според одлуката на Судот, каталонската регионална Влада, што Мас ја водеше од 2010 до 2016 година, потрошила 4.946.788 евра за организирање на референдумот на 9 ноември 2014 година. Со тие пари владата на Мас, меѓу другото, изеаботила веб страница, купила 7.000 компјутери и ги испечатила гласачките ливчиња.
Таа сума треба да ја плати Мас и уште деветмина обвинети за организирање на „илегален референдум“.
Судот наведе дека парите треба да ги платат сите обвинети во согласност со нивните финансиски можности, иако се смета дека Мас треба да сноси најголем товар.