28 милијарди евра потроши оваа Влада, а за возврат нема ниту еден проект, проект по кој ќе се препознае оваа Влада, рече Ѓоргија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисјата За или против што се емитува на телевизија Алфа.
„Следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има волја да се бори против криминал, да се почитува правото онака како што заслужуваат граѓаните за да има правна и економска сигурност. Само така ќе го задржиме луѓето кои се тука, а да оставиме простор и тие штоп заминале да се вратат. Малку е потребно за бнапредок и за функционирање на правна држава и да има судство и обвинителство какво што е потребно“, рече Сајкоски.
Гворејќи за законот за амнестија, Сајкоски посочи дека кога е во прашање овој закон тешко може да се оправда.
„Со последните закони закони правиме дополнителен сомнеж за правосудниот систем. Иако се донесоа и измени на КЗ и се обидуваат да го протуркаат оној за амнестија следната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи тие што се огрешиле да одговараат пред правосудните органи“, кажа Сајкоски.
Во однос на уставните промени Сајкоски посочи дека притосоци има за уставни промени, но единството е поголемо.
„Со секој нов притисок само се зголемува единството во партијата, пратеничката група“, рече Сајкоски кој посочи дека и по нападите од претходниот партиски претседател единството е поголемо од кога и да е.
„Има највисок степен на единство во ВМРО-ДПМНЕ, лидерот Христијан Мицкоски ја има поддршката, а граѓаните го препознааваат како иден премиер. Поддршката ја гледаме секојдневно кога сме меѓу граѓаните“, кажа Сајкоски.
Според Сајкоски планот на партијата сега е да биде меѓу членовите.
„Сакаме да ги слушнеме сите граѓани и во програмата да бидат вклучени идеите и барањата на граѓаните“, вели Сајкоски.
Сајкоски се осврна и на случувањата во СДСМ особено по фотографијата каде се актуелниот и поранешен претсеадтел на партија.
„Така на купче како што се собрале така ќе ги поразиме и ќе покажеме дека треба да одговараат за се што сториле“, вели Сајкоски.
Што се однесува до Законот за амнестијта, тој истакна дека е штетен.
-Предлог законот за амнестија не е доставен сеуште до Собранието. Она што го слушаме во јавноста и она што го слушавме од страна на министерот, тоа се информациите кои што ги имаме за предлог законот за амнестија. Но, можам да кажам дека овој предлог закон за амнестија доаѓа пред избори, за неколку месеци од денес ќе има избори и мислам дека тој е еден штетен закон кој што не носи ништо добро на државата затоа што на ваков начин ние како држава покажуваме дека неправдата треба да стапи на сцена и дека во нашата држава фактички со законот и претходно со Кривичниот законик и со овој закон за амнестија ние покажуваме дека нефункционалноста на правдата, нефункционалноста на судскиот систем и севкупно што ни се случува во државата се пресликува со носење на нови законски решенија кои што се многу лоши и кои што ќе донесат дополнителна штета за целото општество, рече Сајкоски.
Сајкоски во текот на своето гостување потсети каква е состојбата во државата односно дека има тотална нефукционалност во државата и тоа треба што побрзо да се смени.
-Имајќи во предвид дека во нашата држава во изминатиов период ние гледаме дека ние имаме разградување на државата, имаме разградување на системот, имаме разградување и руинирање на голем број институции-стануваат нефункционални, имаме институции исто како да не постојат во нашата држава, имаме зголемен степен на криминал и корупција, имаме тотална нефукционалност во нашата држава што мора што побрзо да се смени. Јас ако се прашувам требало да се смени и вчера, и вчера беше доцна меѓутоа мора на денот на изборите да бидеме активни и до денот на изборите и на таков начин да дадеме шанса на нашата држава за да може да оди напред, вели тој.
Сајкоски порача дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го разгледа законот за амнестија, ќе дискутира и ќе направи се за да овој законско решение не помине.
-Со сите средства пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и ќе направи се неказнивоста да не биде принцип во нашата држава, бидејќи со ваквите законски решенија ние ја донесовме неказнивоста да биде принцип во нашата држава и даваме можност на секој да прави криминали, да корумпира и да го разградува нашето општество. Ние како пратеничка група ќе го разгледаме првично законот, ќе дискутираме во пратеничката група и ќе направиме се за да може ова законско решение да не помине, порача Сајкоски.