Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема намера да и нареди на армијата да ги премине границата со Косово и дека ќе ги повлече српските сили од тоа подрачје.
Според него, ескалацијата на конфликтот би била контрапродуктивна кога станува збор за желбата на Србија да стане членка на Европската Унија.
„Зошто ова би било од корист за Белград? Која би била идејата? Да ја уништиме нашата позиција што ја градевме една година? Да ја уништиме за еден ден? Србија не сака војна“, рече Вучиќ во изјава за „Фајненшл тајмс“.
Тој додаде дека предупредувањата на Вашингтон се нестразмерни бидејќи бројот на српските сили на теренот се намалува.
„Минатата година имавме 14.000 луѓе во близина на административната линија, денес имаме 7.500 и тоа ќе го намалиме на 4.000“, рече Вучиќ.
Тој рече дека е „чиста лага“ дека Србија ја испраќа војската на границата со Косово.
„Србија нема да има корист од тоа бидејќи би ја загрозило нејзината позиција во преговорите со Приштина под покровителство на Европската унија“, рече Вучиќ во изјава за ФТ