Централната комисија за туризам на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишуваат дека од туризам и туристички развој во последниве години ги гледаме само екскурзиите на самопрогласениот саемски директор Љупчо Јаневски.
-ЕКСКУРЗИИ, САЕМИ И ИЗЈАВИ БЕЗ РЕЗУЛТАТИ!
Од туризам и туристички развој во последниве години ги гледаме само екскурзиите на самопрогласениот саемски директор Љупчо Јаневски.
Па така, денес читаме дека бил во Требиње каде што се изјаснил дека туризмот како никогаш до сега им бил потребен на државните економии на Балканот.
Факт е дека не требало Јаневски да појде на саем во Требиње и да троши државни пари за да сфати дека туризмот е потребен на секоја државна економија, а најмногу – на македонската!
Овој човек кој не успеа да ги уреди законите кои најмногу ја третираат областа туризам, кој не успеа да напише бар една стратегија за туризам и кој како кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров освои едвај 400 гласови… заминал да продава магла како туризмот до 2025 година ЌЕ донесел над 600милиони долари туристички промет во македонската економија.
Сведоци сме дека својата неспособност најпрво ја затскриваше зад пандемијата, а сега еве, во најава е дека ќе се затскрива зад нестабилната економска состојба во Европа.
А…ниту пандемијата, ниту нестабилната состојба во Европа се пречка да ја уреди бар законската материја, да бара од владата во која партиципира поголем буџет – не за саеми, туку за градење на извозната конкурентност на туризмот која би се базирала на квалитет, а не на ниски цени!
Го повикуваме да ù каже на владата во заминување дека мора да се вложува во човечките ресурси во туристичката индустрија за да се подобри имиџот на Македонија како дестинација.
Фала му на Бога што нашата Македонија поседува природна убавина, поволна клима и долга традиција, па туристите си доаѓаат стихијно, од љубопитност и желба да откријат неоткриени дестинации!
Да му кажеме на овој екскурзијант дека раст во туризмот не значи и развој на туристичката дестинација!
За среќа имаме раст на бројот на туристи, но немаме развој на туристичката дестинација.
Да му појасниме дека кај туристите треба да предизвикаме две работи, а тоа се доживување и желба.
Доживување и искуство кое ќе го паметат и ќе го понесат со себе и желба повторно да му се вратат на тоа.
Со овој начин на неработа, тешко дека туристите ќе посакаат повторно да се вратат во Македонија и повторно да ја доживеат инфраструктурната авантура наречена Македонски патишта!
И не! Никако не смееме да продолжиме (како што кажува) во ист ритам, туку да си ги засука ракавите, конечно да се врати и да се задржи во Македонија и да престане да создава привид дека имаме раст во туризмот.
Без соодветна и функционална системска поставеност на институциите кои се одговорни за туристичко планирање и развој на туризмот и без квалитетно менаџирање на дестинацијата, не можеме да имаме квалитетен развој на туризмот!
Тоа се прави ДОМА – НЕ ПО САЕМИ!
За среќа, ВАЖНО Е што наближуваат изборите, а граѓаните како дел од промените конечно ќе стават крај на екскурзиите и туризмот ќе го добие заслуженото место во македонската економија, стои во нивниот пост на Фејсбук.