Добро е што сите овде пратеници и од власта и од опозицијата се сложуваме дека најважно е да се утврди  одговорност. Бидејќи верувам ќе се сложите сите во оваа држава лошите работи ни се случуваат поради немањето, не утврдувањето и не преземањето на одговорност. Овде се спомнаа неколку случаи, неколку несреќи кои верувам немало да се случат доколку некој си ја работел работата како што треба, и доколку се преземало одговорност и навреме се реагирало некој случаи немало да ни се повторуваат, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески на денешната седница на Комисија за финансирање и буџет.

„Јавен обвинител во вашето обраќање кажавте дека ова мора да се заврши и дека ќе го завршите во интерес на граѓаните. Да и заради нив, но обвинителе ова вие требаше многу порано да го завршите и досега требаше да има разрешница, не заради граѓаните само туку и поради тоа што тоа вас ви е работа. Вие требаше да си ја завршите својата работа бидејќи вие сте платен за тоа“, нагласи Ристески.

Ристески додаде и дека во однос на скандалот на Онкологија мора да има политичка морална и кривична одговорност.

„Поминаа месеци гледаме дека вие не реагирате. Во несреќата кај Ласкарци имавме 14 загинати, Во модуларната болница во Тетово исто така, потоа ни се случи „Беса Травел“ 45 жртви, значи 75 луѓе ги изгубија своите животи. Но не се утврди одговорност. Немаше да ни се повторуваат лошите работи како на лента ако некој си го вршел својот дел од работата. И на крај дојде ова со онкологија поради некое злосторничко здружување внатре во клиниката каде што се обвинуваат лекари вработени сестри дека наместо терапија се давало физиолошки раствор, овде мора да има утврдување на морална политичка и кривична одговорност“, истакна Ристески.