Портпаролката на Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци, Жулиет Тума, вечерва изјави дека вкупно еден милион луѓе се раселени во Појасот Газа за една недела колку што трае војната меѓу Израел и Хамас траат.
Сепак, остана нејасно колку Палестинци останаа на северот на Појасот Газа по вчерашната израелска наредба да се евакуираат 1,1 милион жители на југ пред очекуваната копнена офанзива.
Израелската армија вечерва објави дека се подготвува за координирана офанзива на воздушни, копнени и поморски сили, но не соопшти кога ќе започне.
Израел денеска ги повтори повиците на социјалните мрежи и пушти летоци за жителите на Газа да се евакуираат, додека Хамас апелираше до нив да останат во своите домови.
ОН и хуманитарните организации предупредија дека брзиот егзодус може да предизвика големо страдање, особено за пациентите во болниците, постарите лица и сите кои не можат да се евакуираат.
Околу 35.000 раселени лица се во главниот болнички комплекс во градот Газа. Семејствата кои ги напуштија своите уништени домови седат под дрвјата на земјата и внатре во зградата во ходниците, надевајќи се дека ќе бидат заштитени од конфликтот, рекоа здравствените власти.
„Градот Газа стана застрашувачка сцена на уништување“, изјави еден лекар.
Во Појасот Газа денеска снема вода откако Израел во понеделник објави целосна блокада и го прекина снабдувањето со електрична енергија, гориво и лекови.
Израелската воена окупација ќе го принуди целото население, околу 2,3 милиони луѓе, да оди во јужниот дел на малата енклава додека продолжуваат израелските бомбардирања на тој дел од земјата.
Има семејства кои решиле да останат во своите станови на север, додека други бараат начини да се евакуираат.
Агенцијата на ОН изрази загриженост за тие кои не можат да заминат и нагласи дека мора да бидат заштитени и го повика Израел да не таргетира цивили, болници, училишта, клиники и згради на ОН.