Во Хрватска денеска пристигна најавената промена на времето, а сончевото време беше заменето со облаци, дожд и ветер. Метеоролозите и претходно најавија дека денеска може да падне снег на највисоките планини. Така се случи на Платак, односно на врвот на Радешево, како што е прикажано на снимката од веб-камера.
Снег денеска падна и во Словенија каде ја побеле Кредарица која се наоѓа на 2.541 метар надморска височина.