Владата на Црна Гора е целосно проевроатлантска, а Соединетите Американски Држави се клучен партнер и сојузник, изјави премиерот Милојко Спајиќ на средбата со американската амбасадорка во Подгорица, Џуди Рајсинг Рејнке.
Спајиќ, кој во вторникот ја презеде функцијата премиер, го информираше амбасадорката за неговите планови за наредниот период и посочи дека евроинтеграциите, зголемувањето на стандардот на граѓаните и зајакнувањето на безбедносниот сектор се во фокусот на работата на новата влада.
Амбасадорката Рајнка рече дека очекува Владата брзо да напредува во исполнувањето на обврските за Црна Гора да напредува кон членство во ЕУ и да остане силен сојузник во НАТО.