Протоколите се нешто што е медицина основана на докази, а тоа го диктираат меѓународните стандарди или американските и европските асоцијации. Оној кој е задолжен за нивно спроведување е дел од системот, така што ова што сега го дискутираме лоцира дека станува збор за системски пропуст. Лекарите се водат по медицина основана на докази, но секогаш има и исклучоци, рече доктор Синиша Стојаноски кој е пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, претседател на Комисијата за здравство на денешната трибина во Виница посветена на скандалот „Диво месо“, а која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.
Оттука според доктор Стојаноски, одговорниот за спроведување на протоколи и процедури е на раководителот на институцијата, а таа институција е дел од системот за кој е одговорно Министерството за здравство, потоа и Фондот за здравство.
„Не можеме да ја бараме вината во некои кои не се дел од системот, или нефункционирање на КАТО системот, неспроведување на протоколите може лесно и прецизно да се лоцира. Не треба колегите од Клиниката за онкологија автоматски да се предмет на недоверба, бидејќи не се тие одговорни за она што го направила мала група на луѓе“, рече Стојаноски.
Доктор Стојаноски заклучи дека целата ситуација може лесно да реши, а не да се одолговлекува и да се создава целосна недоверба во здравството, во сиот медицински персонал.
„Одговорноста има и име и презиме и тоа лесно може да се лоцира ако надлежните чесно си ја завршат работата а така ќе покажеме и функционалност на целиот систем. Секој во системот ако функционира по правило и навремено ќе се знае кој е виновен за случајот Онкологија“, кажа Стојаноски.
Линк од видео материјал: