Бројот на жртвите во пожарот во Севрна Калифорнија се зголеми на 71 додека над илјада се сметаат за исчезнати, соопштија властите.
Според првични подадтоци на полицијата, бројот на луѓе што се исчезнати се зголемил од 631 на 1.011.
Пожарот во Северна Калифорнија се претвори во најсмртоносен и најопустошувачки во историјата на државата. Бројот на жртви е веќе двојно повисок од пожарот во 1993 во паркот Графот во округот Лос Анџелес кога загинаа 29 луѓе.
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска заминува за Калифорнија за да ги посети настраданите од шумските пожари.