Двајца службеници во косовското Министерство за здравство се уапсени ноќеска поради сомневање дека го оштетиле буџетот за повеќе од милион евра.

Според приштински медиуми, уапсени се Хајзер Добра, финансиски директор во Министерствот за здравство и Муса Реџа, директор за финансии.

Добра е осомничен дека го оштетил буџетот минатата и оваа година за 132.345 евра со злоупотреба на овластувања, додека Реџа се товари дека во периодот 2014-2017 дозволил подигнување пари за измислени патувања во износ од 1.170.854 евра. Двете лица се во притвор, соопшти полицијата.